Ова долго, воздушесто здолниште инспирирано од боите на летото е изработено од мек памук со уникатен акварел принт во форма на кругови. Во долниот дел е украсено со панели од бела чипка, кои внесуваат дополнителна женственост и бохо елеганција. Еластичниот појас и широката странична лента овозможуваат прилагодување според фигурата. Комбинирајте го со кошулата „Carnival Clouds“ за комплетен изглед, или со едноставен топ за дневни прошетки. Совршено за летни патувања, прошетки покрај море.
Здолништето е изработено во една универзална големина, која одговара на повеќе конфекциски броеви – од 38 до 46.
За големини 38 и 40, потребно е претходно да ни го испратите обемот на вашиот струк (во сантиметри), за да можеме да го коригираме според вашата мерка.
За големини 42, 44 и 46, здолништето совршено одговара, бидејќи задниот дел на струкот е со еластика, а дополнително има и ремени одозгора кои овозможуваат прилагодување и врзување според вашата желба.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
Каза Грациан дооел
бул. Партизански одреди бр. 115 локал 16, 1000 Скопје
ЕМБС: 7269730 | ЕДБ : 4044018514658