Blog

                                                                       

Kолекција “Winter Glamour” by Casa Gracian – префинета класика со модерен допир  

                     

 

Разговорот со г-ѓа Мимоза Ван Дер Стеене може да трае со часови, слободно можеме да кажеме и со денови кога станува збор за страста и љубовта кон модата и стилот, како начин на живеење.

По 30 години поминати во Холандија, таа го прифатила влијанието на тамошните модни ритуали, култура, работа и начин на комуникација. Воедно, мораме да споменеме дека нејзиниот сопруг Лусиен е од Ротердам, а имаат и прекрасен син Лориан. (Мимоза и Лусиен работат заедно за повеќе светски брендови)

Во Скопје, како и надвор од него, таа стана позната дама по брендот Casa Gracian, најубавите колекции на женски и машки кошули со амблеми, мноштво предмети за уредување на домот, ламби, столици, свеќници, накит и прекрасни материјали. Скопјани одлично паметат дека претставуваше престиж да се купи и поседува било кое парче од тој прекрасен бутик.

                   

                    

Но денеска, темата ни е нејзината зимска креативна и оригинална колекција за 2022 година.

МИМОЗА: При креирањето на моделите најважни ми се формата и материјалот, Употребувам најфини материјали: волна, свила, тантела и кашмир, увезени од Италија, Холандија, Франција и Јапонија. Сакам моите креации да ги спојува префинетост, достоинство, отменост, фин вкус, углед и авторитет. Кардиганите и здолништата се “one size”, но одговараат на 3 величини. Кошулите одат во серијска големина од бр.36 до 46. Наменети се за сите жени кои сакаат да изгледаат “classic and classy”.

                     

 

 

Новогодишните и Божиќните празници се зад аголот, затоа ви советуваме доколку сеуште размислувате како уникатно да се облечете и дотерате, посетете го бутикот Casa Gracian кој се наоѓа на улица Партизански Одреди бр.155 локал 16 Порта Влае.

                     

 

За нас

Каза Грациан дооел
Франце Прешерн 253, 1000 Скопје

ЕМБС: 7269730 | ЕДБ : 4044018514658

Контакт

  • +389 70598299
  • info@casagracian.com

Facebook

Casa Gracian © 2026. UKION SHOPS